Од 2014 година наваму, секогаш кога Атлетико влегуваше во елиминациската фаза од Лигата на шампионите, испаѓаше од тимови чиј дрес го носи Кристијано Роналдо.
Во Атлетико се радуваа кога Роналдо го напушти градскиот ривал Реал и се пресели во Италија, мислеа дека веќе нема да налетуваат на него, но судбината повторно ги спои, и повторно како победник излезе Португалецот. За Кристијано, ова е прв хет-трик во дресот на Јуве, а солзите радосници не можеше да ги запре ниту неговата вереница, која добро знае колку му значи овој триумф.
Во 2014 година Роналдо го победи Атлетико во финалето освојувајќи ја десеттата титула европски првак на клубот, во 2015 патот на Атлетико заврши против Реал во четвртфиналето, во 2016 повторно во финале против екипата на Роналдо, а во 2017 година во полуфиналето. Лани Атлетико потфрли и не влезе во осминафиналето, а сега влезе, но не стигна до четвтфиналето. Причината? Кристијано Роналдо.
По победата, Роналдо во стилот на тренерот на Атлетико покажа колку е задоволен и што му направил на противникот:
https://twitter.com/i/status/1105590333981839364