„Да“, напиша Георгина Родригес, девојката на Кристијано Роналдо под оваа заедничка фотографија и многумина тоа го сфатија како знак дека се вериле со славниот фудбалер со кој имаат едно заедничко дете. Интригантно е што и Португалецот на совите профили на социјалните мрежи ја објави истата фотографија, а порача „Љубов моја“.
Нивните милиони следбеници се прашуваат зошто се крие десната дланка на Георгина, дали има веренички прстен кој засега заљубените гулапчиња не сакаат јавно да го покажат?
Роналдо и Георгина од 2017 година се во врска, таа година ја добија и ќерката Алана Мартина, а летниот одмор го минуваат на јахта на француската ривиера, заедно со четирите деца на фудбалерот (Роналдо освен ќерката со Георгина, има и три деца од сурогат мајки чиј идентитет не е познат).