3.8 C
Skopje
четврток, 13 ноември 2025

Кристијано: Илјадитиот гол да ми биде во финале на СП? Премногу гледате филмови!

Славниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо не верува дека ќе може да го постигне својот 1.000-ти гол во финалето на Светското првенство.

Роналдо, кој има 40 години, моментно има 953 гола во својата професионална кариера, со што е најдобар во историјата на фудбалот.

Португалски новинар го праша Роналдо дали верува дека ќе го постигне својот 1000-ти гол во финалето на Светското првенство?

„Премногу филмови гледаш. Тоа би било премногу совршено. Да се ​​вратиме во реалноста. Националниот тим или клубот не зависат само од еден играч, но тоа што имаат играч способен да постигнува голови помага. Сакам да постигнувам голови. Сакам да играм на Светско првенство, инаку немаше да бидам тука“, одговори Роналдо.

 

- Оглас -

Најнови вести