30.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Кристијано сега има дадено повеќе голови од Тјери Анри и бразилскиот Роналдо заедно!

Точно пред два месеца, Кристијано Роналдо го прослави 38-миот роденден, а Португалецот покажува дека уште не планира да сопре со постигнување голови. На синоќешниот дуел од првенството на Саудиска Арабија, екипата на Ал-Наср победи убедливо со 5:0, а Роналдо беше стрелец на два гола.

Со овие два погодока, Роналдо стигна до 834 погодоци во кариерата и сега му недостасуваа 166 гола за да стигне до неверојатната бројка од 1.000 гола.

Роналдо во јаннуарскиот преоден рок дојде во Ал-Наср и веќе има постигнато 10 гола за клубот. Освен овие погодоци, ако се додадат и головите дадени во репрезентативниот дрес на Португалија, Роналдо во 2023 година стигна до бројката од 15 гола.

За тоа колку „луда“ статистика има Роналдо, покажува и фактот дека тој сега има постигнато повеќе голови отколку што заедно имаат постигнато легенди како Тјери Анри и Луис Назарио де Лима Роналдо.

Со синоќешните погодоци против Ал-Адалх, Роналдо стигна до бројката од 176 различни противници на кои им дал гол. Од тие, 129 биле на клупско ниво и 47 се противници на репрезентативно ниво.

- Оглас -

Најнови вести