Кристијано Роналдо има многу пари и тоа му дозволува да направи сè што ќе посака, па така тој купил голф клуб во близина на неговото пространо земјиште на кое се гради куќа, но не затоа што Португалецот е мераклија за голф, туку за да го урне бидејќи зградата на клубот му го попречувала видикот од неговиот имот кон океанот.
Голф клубот и имотот на Роналдо се во областа Квинта да Мариња, во близина на најзападната точка во Европа и во близина на главниот град на Португалија, Лисабон.
Роналдо пред извесно време купи имот за сума од 17 милиони фунти и таму во моментов се вршат градежни работи, кои ќе траат до следната година. Куќата на Роналдо ќе има автоматски подземен паркинг во кој ќе се најдат десетиците негови суперлуксузни автомобили.
Фудбалерот сака луксузната вила да биде совршена како што тој ја замислил и не сака ништо да му пречи.