Кристијано му даде глас на Меси, а Лео потполно го игнорираше Португалецот

Роберт Левандовски ја доби наградата од ФИФА за најдобар фудбалер во 2020 година, по што се открија гласовите околу изборот.

Претходно дознавме како гласале селекторот Игор Ангеловски и капитенот на Македонија, Горан Пандев, а сега се обелоденија и изборите на Роналдо и Меси, вториот и третиот најдобар фудбалер за оваа година според добиените гласови.

Имено, Роналдо пет бода му даде на Левандовски, три на Меси и еден бод на Мбапе, додека Аргентинецот изненади со својот избор.

Меси потполно го игнорираше Кристијано, па му даде пет бода на Нејмар, три на Мбапе и еден бод на Левандовски.

 

- Оглас -

Најнови вести