Кристијано Роналдо е на пат кон Манчестер по завршувањето на одморот и во најскоро време ќе го обави можеби најважниот разговор во неговата кариера.
Првпат по барањето ова лето да биде продаден, Кристијано ќе се појави во просториите на клубот и треба да се сретне со управата за да се донесе решение кое ќе одговара на двете страни.
Јунајтед цврсто стои на ставот дека тој не е на продажба и дека ќе има важна улога во претстојната сезона во тимот кој од пред еден месец го предводи Ерик тен Хаг.
https://twitter.com/david_ornstein/status/1551615939573174273?s=21&t=EnMvtnu9R2tbycYNlHlK_w
Меѓу другото, добро запознаениот новинар Дејвид Орстин информира дека засега не е познато дали Роналдо ќе почне со тренинзи, ниту дали ќе биде во тимот за премиерното коло во англискиот шампионат, кога на 7 август Ѓаволите ќе го пречекаат Брајтон на „Олд Трафорд“.