28.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Кристијано не е во хотелот со останатите играчи, ќе го пропушти манчестерското дерби?

Кристијано Роналдо, Рафаел Варан, Единсон Кавани и Лук Шо, ги нема во хотелот во кој спиеше екипата на Манчестер јунајтед во пресрет на денешното дерби против Манчестер сити.

Ова ги подгрева шпекулациите дека е можно да не играат на гостувањето кај Граѓаните, што би било силен удар за Црвените ѓаволи, особено ако не настапи првата ѕвезда Роналдо. Немаше информации дека Роналдо е повреден, и затоа чуди што го нема меѓу оние 21 играчи кои се во хотелот.

Останува да се види дали отсуството е со дозвола од клубот, или Ралф Рангник не смета на Португалецот за дербито. Одговорот ќе се добие на само еден час пред мечот.

- Оглас -

Најнови вести