Кристијано: Не ми се верува дека син ми наполни 10 години

Кристијано Роналдо, напаѓачот на Јувентус, преку социјалните мрежи му го честиташе десеттиот роденден на неговиот син Кристијано јуниор. Португалската фудбалска ѕвезда има четири деца. Покрај Кристијано јуниор, кој е најстар, ги има и близнаците Ева и Матео, кои се родени од сурогат мајка во јуни 2017 година и ќерката Алана Мартина, која ја роди девојката на Роналдо, Георгина Родригес во ноември 2017 година.

„Не можам да поверувам дека моето момче наполни 10 години. Времето лета. Секогаш сум бил горд на тебе, многу те сакам. Честитам сине, ова е многу среќен ден“, напиша 35-годишниот Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести