За време на шампионската прослава на Јувентус се случи еден мал инцидент, и тоа по заслуга на невнимателниот Кристијано Роналдо. Првиот стрелец на Јуве додека чекаше да позира со трофејот за титулата во Серија А, го испушти пехарот и тој го удри син му Кристијанињо, како што го викаат по дома, а за пошироката јавност познат како Кристијано јуниор.
По ударот, кој се покажа дека не му нанесе повреда на малиот Роналдо, бабата Долорес го погали внукот и фотосесијата можеше да продолжи.
https://www.youtube.com/watch?v=6UeA79g20dU