Кристијано откри зошто ги одбил понудите да игра на Светското клупско првенство

Кристијано Роналдо избра да се одмори наместо да игра на Светското клупско првенство, откри португалскиот репрезентативец во интервју за сајтот на Ал-Наср, клубот со кој го продолжи договорот до јуни 2027 година.

Шпекулациите околу плановите на 40-годишникот се засилија минатиот месец кога претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, објави дека се водат преговори за Роналдо да игра на Светското клупско првенство, и покрај тоа што Ал-Наср не е на листата на учесници.

„Добив неколку понуди да играм на Светското клупско првенство, но мислам дека немаше смисла бидејќи претпочитам добро да се одморам и да се подготвам, бидејќи оваа сезона ќе биде многу долга, го имаме и Светското првенство на крајот. Сакам да бидам подготвен не само за Ал-Наср, туку и за репрезентацијата. Затоа решив да го играм последниот натпревар во Лигата на нации и да не слушам ништо друго, и секако, сакам да бидам дел од овој клуб што го сакам“, рече Роналдо.

Тој посакува да стане првак на Саудиска Арабија со Ал-Наср.

„Мојата цел е секогаш да освојам нешто големо за Ал-Наср. Сè уште верувам во тоа. Затоа го обновив договорот за уште две години бидејќи верувам дека ќе станам шампион во Саудиска Арабија“, додаде Роналдо кој му се приклучи на Ал-Наср во 2022 година, откако го напушти Манчестер јунајтед како слободен агент.

Тој има 93 гола во 105 настапи за клубот во сите натпреварувања. Истотака Роналдо веројатно има за цел да стане првиот во историјата кој ќе ја достигне границата од 1.000 голови во својата кариера. Досега има 932.

- Оглас -

Најнови вести