Најдобриот стрелец во историјата на фудбалот, Кристијано Роналдо, откако синоќа го постигна 950-тиот погодок во кариерата, преку социјалните мрежи им упати предупредување на своите противници, дека секогаш „бара повеќе“.
Португалецот кој има 40 години, се приближува до бројката од 1.000 гола на официјални мечеви за клубовите и репрезентацијата, сега му требаат уште 50 и се чини дека нема да запре додека не стигне до таа цел.
Роналдо уште нема освоено трофеј со клубот Ал-Наср, но сезонава после шест кола се 100 процентни и ќе се обидат да станат шампиони на Саудиска Арабија.
Роналдо на Инстаграм напиша: „Среќен што му помогнав на тимот да победи и што постигнав 950 гола! Секогаш сум гладен за повеќе!“

