Суперѕвездата на португалската репрезентација и светскиот фудбал воопшто, Кристијано Роналдо, синоќа на пријателскиот меч против Република Ирска даде два гола со кои дојде до бројка од 895 погодоци во кариерата и уште на ЕП 2024 може да стане првиот во историјата со 900 голови.
Не само тоа, Роналдо постави и апсолутен светски рекорд по број на одиграни натпревари на највисоко ниво и стана прв во историјата кој давал гол за репрезентацијата дури во 21 различна календарска година (првиот за Португалија го даде на ЕП 2004 година).
Според Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (IFFHS), овој натпревар беше 1.226-ти за Роналдо, со што го надмина поранешниот голман Рожерио Сени, кој имал 1.225 натпревари.
Роналдо играл на 698 клупски натпревари во националните првенства. Од нив 101 му се мечеви во купови и Суперкупови, има 220 средби во меѓународните клупски натпреварувања и 207 настапи за португалската репрезентација.
Рекордер е и по бројот на голови за националниот тим, во моментов има 130, и тоа на рекордни 207 настапи. Летово тој ќе стане првиот со настап на шест Европски првенства.