Португалската фудбалска суперѕвезда Кристијано Роналдо на тренингот на Јувентус дојде со тазе фризура која му ја направи вереницата Георгина Родригес. Уште додека беа затворени во карантин во Португалија, Георгина експериментираше со косата на Роналдо и му ја скрати со машинка.
Денеска Георгина премина на повисоко ниво и од косата од горниот дел на главата на Роналдо направи плетенка, која завршува со веќе познатото опавче во кое му е собран дел од косата. По ова, фризерите на Роналдо треба да се загрижат дека Георгина ќе им ја земе работата. Таа на социјалните мрежи се пофали дека „клиентот“ бил многу мирен и дисциплиниран додека му се правела плетенката.