Кристијано пристигна во Манчестер, на аеродром го чекаше само еден човек (Фото)

Кристијано Роналдо синоќа првпат се појави во Манчестер откако потпиша договор со Манчестер јунајтед, во кој ќе ја продолжи кариерата. На аеродромот во градот на текстилот и фудбалот, Роналдо на приватниот терминал беше пречекан од техничкиот директор на Црвените ѓаволи, Дарен Флечер.

Флечер и Роналдо беа соиграчи во Јунајтед, па имаа што да си кажат. Роналдо кој ќе го носи дресот со бројот 7, му се става на располагање на менаџерот Оле Гунар Солскјер, и се очекува да дебитира на 11-ти септември против Њукасл, или евентуално три дена подоцна против Јанг бојс во Лигата на шампионите

- Оглас -

Најнови вести