5.8 C
Skopje
среда, 4 февруари 2026

Кристијано Роналдо би се вратил во клубот во кој се прослави

Напаѓачот на Ал-Наср, португалската легенда Кристијано Роналдо, е во преговори со Манчестер јунајтед за можно враќање, пишува британски „Топскилс Спортс УК“.

Контактите меѓу Јунајтед и околината на играчот продолжуваат. Извор тврди дека Португалецот, кој утре полни 41 година, е подготвен да прифати значително намалување на платата. Откупната клаузула наводно е 50 милиони евра.

Роналдо е незадоволен од ситуацијата во Ал-Наср и би можел да го напушти клубот од Саудиска Арабија во јуни. Тој одигра 22 натпревари оваа сезона, постигнувајќи 18 гола. За Манчестер јунајтед играше прво од 2003 до 2009 година, а потоа и од август 2021 до ноември 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести