19.8 C
Skopje
петок, 8 август 2025

Кристијано Роналдо блеска: Португалецот немаше милост ниту за сонародниците (Видео)

Фудбалерите на Ал-Наср го одиграа и вториот контролен меч на европско тло, повторно победија и повторно благодарение на Кристијано Роналдо.

Португалецот немаше милост за сонародниците, па со хет-трик го водеше Ал-Наср до победа од 4-0 над Рио Аве.

Мохамад Симакан беше стрелец на првиот гол за Арапите во 15-тата минута, а гол-серијата на Кристијано Роналдо започна во 44-тата минута.

Португалецот погодуваше и во 62-тата и 68-мата минута.

Ал-Наср во недела ќе одигра пријателски меч и против шпанска Алмерија.

- Оглас -

Најнови вести