Кристијано Роналдо дал „наредба“ кого да му донесат во Ал-Наср, ќе има плата од еден милион евра неделно

Кристијано Роналдо имал состанок со раководството на Ал-Наср и изразил желба кој фудбалер да биде ангажиран следното лето. Португалецот за соиграч го сака Кевин де Бројне, кој следното лето може да стане слободен фудбалер, ако не го продолжи договорот со Манчестер сити.

Белгиецот во моментов е најплатениот фудбалер во Премиер лигата, но доколку одлучи да остане во Манчестер сити, сигурно дека нема да ја добие истата плата. Затоа Ал-Наср е подготвен да му понуди дури 910.000 евра неделна плата, што би било прифатливо за Де Бројне, со оглед на тоа дека оваа сума е речиси двојно повеќе од она што го заработува во моментов.

- Оглас -

Најнови вести