Најдобриот португалски фудбалер, Кристијано Роналдо, синоќа го одигра својот 202-ри натпревар за репрезентација, но прв на домашен терен откако ја мина границата од 200 натпревари. Тоа беше повод од Фудбалскиот сојуз на Португалија да му врачат трофеј за ова неверојатно постигнување, кое го нема направено ниту еден фудбалер до сега, да ја мине чудесната граница од 200 репрезентативни настапи.
Во прославата се вклучија и навивачите кои со голем транспранет посветен на Кристијано Роналдо му честитаа за овој успех.
Португалецот на најдобар можен начин им се оддолжи, со два погодоци за победа над Словачка и визиран пласман на Европското првенство во Германија следната година.