Кристијано Роналдо добил богата понуда од бразилски клуб за да игра на Светско клупско првенство

Португалската мега ѕвезда Кристијано Роналдо би можел да заигра за бразилски клуб на Светското клупско првенство следниот месец, пишува шпанска „Марка“.

Роналдо не освои никаков трофеј со Ал-Наср сезонава, и што е уште полошо, не успеа да се квалификува во азиската Лига на шампиони за следната сезона и ќе игра само во саудиската лига и куп.

Недостатокот на успех предизвика турбуленции во клубот, јасно е дека амбициозниот Ронадо не е среќен, а 40-годишниот напаѓач веќе добил супер понуда која не се одбива лесно и тоа не од европските гиганти, туку од Бразил.

Инвеститори од Бразил кои сакаат да го видат Роналдо на Светското клупско првенство, ги здружиле силите и ќе се обидат да го привлечат најпопуларниот спортист на светот и прв стрелец во историјата на фудбалот.

Името на клубот не е објавено, но јасно е дека е еден од четирите што ќе учествуваат на СКП, а тоа се Палмеирас, Фламенго, Флуминенсе или Ботафого.

Влијанието на КР7 многукратно го зголеми интересот за саудискиот фудбал, но се бараат и резултати, а нив ги нема. Потфрлија Ал-Наср и Ал-Хилал, па сега дилемата кај Кристијано е дали да прифати да игра за клуб од Бразил со што би му се отворила вратата за настап на Светското клупско на ФИФА кое првпат ќе се одржи ова лето.

- Оглас -

Најнови вести