Американската телевизија ЕСПН го прогласи Кристијано Роналдо за најпопуларен спортист на светот. Португалецот четврта година по ред е на чело на листата од топ 100 најпознати спортисти.
По суперѕвездата на Јувентус, второто место го држи кошаркарот на ЛА лејкерс, Леброн Џејмс, а трети и четврти се фудбалерите Лионел Меси од Барселона односно Нејмар од ПСЖ. Најдобрата петорка ја заокружва ММА борецот од Ирска, Конор Мекрегор.
Рангирањето е направено врз систем разработен на база на формула која ги пресметува платите на спортистите, приходите од неспортски дејности, популарност на социјалните мрежи и пребарувања на Гугл.
Во топ 10 влегуваат уште тенисерот Роџер Федерер, крикет-играчот Вират Кохли од Индија, тенисерот Рафаел Надал, кошаркарот Стеф Кари и голферот Тајгер Вудс. Најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ е 20-ти, а веднаш зад него е светскиот првак во Формула 1, Луис Хамилтон, кој е најпопуларен Англичанец.
Највисокопласирана жена е Серена Вилијамс на 17-тото место. Во листата од топ 100 има само три дами и сите се тенисерки. Тоа се Вилијамс, Марија Шарапова и Сања Мирза.