Кристијано Роналдо е нов рекордер во Лигата на шампионите!

Кристијано Роналдо стартуваше во дресот на Манчестер јунајтед против Вилјареал и со тоа Португалецот стана нов рекордер по бројот на мечеви во Лигата на шампионите. За Роналдо ова е 178-ми натпревар во елитната лига на УЕФА и го надмина досегашниот рекорд на Икер Касилјас.

Легендарниот голман Касилјас застана на 177 натпревари во ЛШ, а Роналдо веќе е на бројката од 178 средби. Трет на оваа листа е Лионел Меси со 151 меч, а во Топ 5 се и Чави со 151 натпревар и Раул со 142 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести