Кристијано Роналдо е позитивен на корона-вирусот!

Од португалската фудбалска репрезентација објавија дека првата ѕвезда Кристијано Роналдо е позитивен на корона-вирусот. Роналдо пред два дена играше за Португалија во дуелот против Франција, во меч од групната фаза од Лигата на нации, а по денешните тестирања, неговиот тест се покажал како позитивен.

Португалија се подготвува за настап против Шведска, но сега е јасно дека ќе игра без капитенот Роналдо. Ѕвездата на Јувентус сега ќе мора да оди во изолација.

 

- Оглас -

Најнови вести