Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар фудбалер на сите времиња!

Реномираниот шпански весник „Марка“ изминативе денови водеше турнир преку кој требаше да се одреди најдобриот фудбалер на сите времиња. За да се добие оваа титула, гласаа читателите, додека „Марка“ ги одреди 16-те легендарни фудбалери, а на крајот победи Кристијано Роналдо.

Мегаѕвездата на Јувентус во финалето се најде против вечниот ривал Лионел Меси и доби 54% од гласовите, додека 46% беа за Аргентинецот. За трето место битка водеа Роналдо Назарио и Диего Марадона, „Ил феномено“ победи со 2% повеќе.

Кристијано до самото финале доби повеќе гласови од Паоло Малдини, Зинедин Зидан и Марадона, додека Меси ги помина легендите на Реал Мадрид, Ференц Пушкаш, Алфредо Ди Стефано и Бразилецот Роналдо.

„Марка“ на овој начин се обиде да стави крај на вечната дилема кој е најдобар фудбалер на сите времиња, но прашањето е колку е легитимно ако се знае дека мадридскиот весник е наклонет кон Кралевите и нивната поранешна ѕвезда Роналдо, која постави недостижни стандарди според статистика.

 

 

- Оглас -

Најнови вести