Екипата на Ал-Наср вечерва ќе го одигра дуелот од четвртото коло на групната фаза од азиската Лига на шампиони против Ал-Духаил од Катар. Клубот од Саудиска Арабија ќе мора да игра без својот најдобар фудбалер и прва ѕвезда на екипата, Кристијано Роналдо, кој се чувствува заморен и не е во можност да настапи.
Тренерот на Ал-Наср, Луис Кастро, ја објаснува оваа одлука.
„Кристијано Роналдо нема да игра на натпреварот против Ал-Духаил бидејќи е заморен поради честите настапи. Знам дека навивачите ќе сакаат да го видат, но потребен му е одмор. Не одлучив јас да го изоставам, одлучија неговите можности во моментов. Пред 48 часа играше натпревар, а претходно уште еден од 120 минути“, вели Кастро.
Кристијано Роналдо во саботата одигра 90 минути во победата од 2-0 над Ал-Калеј во првенството на Саудиска Арабија, а претходно во вторникот и 120 минути против Ал-Етифак во Кралскиот куп.
Навивачите во Катар сигурно ќе останат разочарани од ваквиот развој на настаните и неможноста во живо да го гледаат Кристијано Роналдо.