Кристијано Роналдо во 2021 година го напушти Јувентус и се пресели во Манчестер јунајтед, а две години подоцна покрена судски спор против „старата дама“ поради неисплатени плати во висина од 19.6 милиони евра за време на корона вирусот.
Судот во Торино делумно ја прифати тужбата и му наложи на Јувентус да му исплати половина од бараната сума, односно 9.8 милиони евра. Сепак, тука не заврши спорот. Екипата од Торино се жалеше на Апелацискиот суд за работни спорови, а од таму дури денес ја донесоа конечната одлука.
Таа гласи, дека судот во прв степен правично одлучил, а со тоа и ја одби жалбата на Јувентус, па Кристијано Роналдо ќе може да ги задржи оние околу 10 милиони евра кои му ги исплати „старата дама“.
Дополнително, Јувентус ќе мора да ги плати и сите трошоци кои се направени за водење на постапката.

