Кристијано Роналдо реши повторно да се приклучи во составот на Ал-Наср ставајќи крај на неколкудневниот бојкот. Португалецот, кој пред четири дена наполни 41 година, ги пропушти последните два меча на Ал-Наср откако одби да игра поради тензиите со Саудискиот суверен фонд за богатство (PIF) и неговата вмешаност во трансферите на клубот.
Роналдо ја доби „битката“ откако беа исполнети неговите барања: сите задоцнети плати се исплатени и е вратена автономијата на менаџментот на клубот, а Симао Кутињо и Жозе Семедо се вратени на своите позиции.
Ал-Наср в среда ќе игра против Аркадага од Туркменистан во второто коло од азиската Лига на шампиони, но Роналдо нема да игра. Договорот е Португалецот да се врати на теренот на 14 февруари, и тоа на против Ал-Фатех во домашното првенство.

