Кристијано Роналдо горд на Португалија: „Ова ќе биде специјално Светско првенство“ (Фото)

Светската фудбалска организација, ФИФА, и официјално потврди дека домаќини на Светското првенство во 2030 ќе бидат Шпанија, Португалија и Мароко, а по еден меч ќе органзираат и Аргентина, Уругвај и Парагвај.

Ваквата одлука ја поздрави и еден од најдобрите фудбалери во историјата, Кристијано Роналдо, кој вели дека е горд на својата земја.

„Голема гордoст, огромна гордост е да се знае дека мојата земја ќе биде домаќин на СП 2030 и дека репрезентацијата на Португалија ќе може да игра пред својата публиката на најзнајачјното натпреварување. Ова е исклучителен успех на Фудбалскиот сојуз на Португалија и претседателот Фернандо Гомеш. Од денес ова е одговорност на сите Португалци. Сигурен сум дека со Шпанија и Мароко ќе го организираме најуникатното Светско првенство досега“, рече Кристијано Роналдо.

Португалија ќе биде домаќин на три стадиони, оние на Бенфика, на Спортинг Лисабон и на Порто.

- Оглас -

Најнови вести