Екипата на Ал-Наср веднаш по азиската турнеја, го започна настапот на Арапското првенство кое се одржува во Саудиска Арабија. На шампионатот настапуваат најдобрите 16 екипи од арапските земји, а екипата на Ал-Наср во второто коло ја забележа првата победа, и тоа против составот на Монастир од Тунис со 4-1.
Во стартната постава на Ал-Наср беа ѕвездите на клубот, Кристијано Роналдо, Брозовиќ, Фофана, Талиска и Тељес, нешто што не беше случај на дуелот од првото коло, кој се играше само ден по дуелот против Интер во Осака. На тој натпревар Ал-Наср одигра само 0-0 против Ал-Шабаб.
На дуелот против Монастир во листата на стрелците се запишаа Кристијано Роналдо, Талиска и резервистите Ал-Алива и Ал-Амри.
Ronaldooooooo pic.twitter.com/rab2wPkZAQ
— AlNassr FC (@AlNassrFC_EN) July 31, 2023
https://twitter.com/AlNassrFC_EN/status/1686109508639084545?s=20