Полскиот голман Војчех Шчесни би можел да го напушти Јувентус и кариерата да ја продолжи во саудиски Ал Наср. Ако се оствари овој трансфер, Шчесни повторно би бил соиграч на Кристијано Роналдо со кој играа заедно во Јуве.
Искусниот Шчесни кој во април наполни 34 години, има точно 200 настапи во италинанската лига како голман на Старата дама, има и три титули во Серија А. Во Јуве е од 2017 година кога дојде од Арсенал, а во топ лигите има брането и за Рома.