1.8 C
Skopje
понеделник, 9 февруари 2026

Кристијано Роналдо има неколку услови за да остане во Ал-Наср

Конфликтот помеѓу Кристијано Роналдо и раководството на Ал-Наср сè уште трае, а Португалецот на клубот му поставил неколку услови доколку сакаат тој да остане. Во Саудиска Арабија веќе се разви дискусија дали овие услови треба да се прифатат, некои сметаат дека воопшто не треба ниту да се разговараат, а некои се комплетно на страната на Кристијано Роналдо и сметаат дека сето ова треба да се прифати.

Португалецот за оваа сезона бара: целосно враќање на овластувањата на Жозе Семедо и Симао Кутињо, со строга гаранција за немешање во нивната работа, посилна внатрешна финансиска поддршка за спортските амбиции, целосно отсуство на надворешно мешање во управувањето со клубот и цврст и јавен став од клубот за заштита на капитенот и раководството од напади.

Роналдо има барања и за следната сезона, а тие се: јасна структура и појаснување на механизмите за поддршка во рамките на клубот, трансфер-активности на ниво на конкурентите, со цел освојување трофеи, зачувување на веќе утврдените овластувања во рамките на проектот, продолжување на договорот на Жорж Жезус.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести