1037 АФЦ Вимблдон – Волсол (16:00)
АФЦ Вимблдон или Волсол, една од овие екипи ќе биде последниот учесник во англиската Лига 1, односно во третата по ранг дивизија. Финалето од плејофот на „Вембли“ ќе одлучува, но она што со сигурност може да се очекува од овој меч се головите, кои треба да ги има и во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.45)
1801 Елверсберг – Хајденхајм (20:30)
Последниот учесник во германската Бундеслига за следната сезона ќе биде познат откако ќе се одигра и реванш-баражот помеѓу Елверсберг и Хајденхајм. Првиот меч заврши нерешено, 2-2, па сличен меч, односно меч со голови во двете мрежи се очекува да се одигра и вечерва.
Предлог тип: ГГ и 3+ (2.00)
1959 Хатајспор – Фенербахче (19:00)
Хатајспор и Фенербахче играат меч без никакво резултатско значење. Галатасарај веќе е шампион на Турција, а Фенербахче остана и без теоретски шанси да го стигне, додека домашниот состав веќе е испаднат. Токму затоа головите ќе бидат неизбежен декор на мечот кој ќе се одигра во турскиот град Мерсин.
Предлог тип: 2+I и 2+II (2.14)
1969 Батман Петролспор – Алтиндору (19:00)
Батман Петролспор има предност од 1-0 од првиот меч против Алтиндору во баражот за пласман во второлигашката конкуренција на Турција. Гостите веќе немаат што да бранат и доколку сакаат пласман во повисок ранг, ќе мора да тргнат на сè или ништо, а тоа ќе отвори простор за домашниот состав, па головите се она што може да се очекува на овој меч.
Предлог тип: 1+I&3+ (2.10)
5602 Ал-Фатех – Ал-Наср (20:00)
Во Саудиска Арабија се игра последното коло од Про лигата, а мечот на Ал-Фатех и Ал-Наср не одлучува ништо на табелата. Домашните си го обезбедија опстанокот, додека гостите се далеку од борбата за титулата, која веќе е познато дека ја освои Ал-Итихад. Натпреварот ќе биде можност за двете екипи да ги покажат своите голгетерски способности, но и шанса за Кристијано Роналдо да постигне уште некој погодок на патот до 1.000 гола во кариерата.
Предлог тип: ГГ и 4+ (1.92)