Кристијано Роналдо со 956 гола на своето конто ја завршува 2025 година и во новата 2026 ќе му недостигаат уште 44 погодоци за да ја пробие магичната граница од 1.000 гола во кариерата. Португалецот до сега има одиграно 1.303 натпревари во кариерата.
Во 2025 година успеа да постигне 41 гол, но ниту еднаш не постигна хет-трик, што се случува за првпат во неговата кариера по 2009 година кога беше член на Реал Мадрид.
Цели 16 години по ред Португалецот постигнуваше барем по еден хет-трик, но оваа година не успеа, иако неколку пати беше блиску, постигнуваше по два гола, но случи и третиот гол да му биде поништен.

