Кристијано Роналдо јаде по шест оброци дневно, а има само 7 проценти телесни масти

Португалскиот фудбалски ас, Кристијано Роналдо, живее на посебен начин, а неговата диета е многу специфична. Завчера тој направи скандал на прес-конференција кога ги тргна шишињата со „Кока-Кола“, компанија која е спонзор на Еуро 2020, и покажа дека треба да се пие вода.

Роналдо јаде минимум шест пати на ден. Тој после појадок, двапати руча, потоа му следува мала попладневна ужина, и за крај, двапати вечера. Ова се шесте оброци кои тој никогаш не ги испушта.

Португалецот за доручек најмногу сака да јаде квалитетна шунка и сирење кое не е мрсно. За ручеците, не менито му се риба, пилешко месо, салати и маслинки. Ужините му се различни, зависно од обврските, но најчесто тогаш јаде овошје или мачка авокадо на потпечен леб. За вечера, тој јаде зеленчук, во комбинација со месо или риба. Велат дека еднаш неделно јаде и пица, но после тоа „под казна“ прави по 500 стомачни склекови.

Не користи газирани пијалоци, не пие алкохол, ниту јаде смрзната храна и колачи. Притоа многу вежба и затоа не треба да чуди што има само 7 отсто телесни масти, и на 36 години на физички план одлично се носи со многу помладите од него. Важен фактор му е и одморот од напорите, спие во циклуси од по 90 минути.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести