24.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Кристијано Роналдо јуниор даде гол па го прослави во стилот на својот татко (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо јуниор, најстариот син на Кристијано Роналдо, со екипата од 12-годишни фудбалери на Манчестер јунајтед се наоѓа во Коста Брава, Шпанија, каде што настапува на меѓународен турнир.

Тој на средбата против Џирон Сабат го постигна последниот гол во убедливата победа на својот тим од 5:0.

Потоа тој отиде да го прослави истиот во стилот на својот татко со популарната прослава, по што присутните околу теренот извикаа „сиу“. Роналдо јуниор има 11 години, додека за истиот тим настапува и синот на Вејн Руни, Каи.

- Оглас -

Најнови вести