Кристијано Роналдо кажал кој е негов фаворит за тренер на Ал-Наср

Ал-Наср е во преговори со Жорже Жезус за негово потенцијално назначување за главен тренер на саудискиот тим.

Според информациите, Кристијано Роналдо дал зелено светло и рекол дека сака неговиот сонародник да го предводи Ал-Наср, па клубот веднаш го контактирал Жезус. Страните сè уште не постигнале договор, но преговорите напредувале добро.

Ал-Наср е без тренер откако се разделија со Италијанецот Стефано Пиоли кој беше на чело на тимот од септември 2024 година.

Жезус кој има 70 години, има искуство од работа во Саудиска Арабија, во мај си замина од Ал-Хилал кој е еден од главните ривали на Ал-Наср.

- Оглас -

Најнови вести