Ал-Наср нема да учествува на Светското клупско првенство во САД, но желбата на фудбалската јавност, но и на ФИФА е Кристијано Роналдо сепак да игра во клупскиот Мундијал. Се споменуваат неколку екипи како можност, но се чини дека најреалната е мароканскиот гигант, Видад Казабланка.
Екипата од Мароко е во група со Манчестер сити, Јувентус и Ал-Аин, па ќе биде вистински спектакл доколку Португалецот навистина прифати да игра на првенството во САД.
Договорот на Кристијано Роналдо и Ал-Наср завршува на 30-ти јуни, а првенството започнува на 14-ти, па јасно е дека ќе мора да го раскине договорот нешто порано доколку сака да игра во САД. ФИФА одреди вонреден преоден рок за екипите кои ќе играат на Светското клупско првенство, кој ќе треа од први до десетти јуни, а фудбалерите ќе може да потпишуваат и краткорочни договори, со важност само за настапот на клупскиот Мундијал во САД.