Кристијано Роналдо ќе игра за Ал-Наср и на 42-годишна возраст

Кристијано Роналдо ќе потпише нов договор со Ал-Наср, кој ќе биде со важност за следните две години, односно до 2027 година. Португалецот има 938 гола во кариерата, па проценките се дека ќе му бидат потребни уште две сезони за да ја пробие магичната граница од 1.000 гола во кариерата.

Минатата сезона Кристијано Роналдо постигна 35 гола за Ал-Наср во 41 меч, додека од 2023 година има постигнато 99 гола во дресот на екипата од Саудиска Арабија.

- Оглас -

Најнови вести