Кристијано Роналдо ќе има нов тренер, Пиоли и Ал-Наср се разделуваат

Кристијано Роналдо и неговите соиграчи од Ал-Наср ќе имаат нов тренер за следната сезона, откако раководството на клубот одлучи да се раздели со Стефано Пиоли.

Италијанецот ќе си замине на крајот од сезонава, откако не успеа да го освои трофејот од азиската Лига на шампиони, односно беше елиминиран во полуфиналето од Ал-Ахли (1-3), екипа за која игра нашиот репрезентативец, Езџан Алиоски.

Стефано Пиоли се споменува како можна опција за клупата на Рома, па Италијанецот нема долго да остане без работа, додека раководството на Ал-Наср ќе треба да донесе тренер кој конечно ќе успее да ги реализира шампионските амбиции на клубот.

- Оглас -

Најнови вести