Кристијано Роналдо, капитенот на португалската репрезентација, и понатаму тврди дека ја допрел топката со глава по нафрлувањето на Бруно Фернандеш и дека тој е стрелец на погодокот за 1-0 против Уругвај.
ФИФА официјално голот му го припиша на Бруно. Додека го напушташе теренот по мечот, Роналдо во камерата викаше „Ме допре топката, ме допре топката“, а и на новинарот Пирс Морган, со кого неодамна го направи контроверзното интервју, му рекол дека имал контакт со топката.