За Саудијците присуството на Кристијано Роналдо во нивната лига е од суштинско значење, државен интерес, и ќе направат сè за да го задржат, макар и во некој друг клуб.
Откако Ал-Наср не освои трофеј и не обезбеди место во азиската Лига на шампиони, Роналдо реши са си замине од клубот. Има многу шпекулации околу неговата иднина, се зборува и дека ќе игра на Светското клупско првенство со привремен договор со некој клуб, а во Саудиска Арабија инсистираат тој да остане кај нив.
Кандидати за ангажирање на Португалецот се двата најголеми клуба, Ал-Хилал кој ќе игра на Светско клупско и во првото коло ќе се сретне со Реал Мадрид (Кристијано е прв стрелец во историјата на Реал) и Ал-Ахли кој е азиски првак. Член на Ал-Ахли е македонскиот репрезентативен лев бек Езџан Алиоски, па ако Роналдо реши да се пресели таму, би станал соиграч на Џани кој сезонава играше само во ЛШ, не и во саудиската лига каде има ограничување на бројот на странци.