Кристијано Роналдо му се налути на Касано: „Ми испратил гласовна порака“

Поранешниот напаѓач на Рома и италијанската репрезентација, Антонио Касано, привлече големо внимание со изјавата дека Кристијано Роналдо воопшто не знае фудбал и гледа само за себе.

После ова, португалецот го барал Касано, па му оставил гласовна порака.

„Видов број од повикувачки број 0034 на мојот мобилен. 0034 е Шпанија. Потоа видов список со сите титули кои ги освоил, голови, статистика, а ми испратил и гласовна порака ‘Повторно не ме почитуваш. Си постигнал само 150 гола, си освоил само четири трофеи’.“ – вели Касано за пораката од Роналдо.

Касано го налути Кристијано Роналдо со изјавата дека колку и да постигне голови, тој не знае да игра фудбал, туку гледа само за себе и за својата статистика.

- Оглас -

Најнови вести