Кристијано Роналдо вчеравечер беше наш голем ривал, но изминативе години, па и скоро две децении покажува дека тој едноставно не е човек, туку машина.
Зад своето име има безброј рекорди за коишто ако почнеме да пишуваме, ќе ни треба подолго време, а на Светското првенство во Катар тој ќе атакува на уште еден.
Роналдо досега има постигнато гол на четири светски првенства, а доколку постигне гол и во Катар, тоа за него ќе биде „квинтет“, нешто што никому не му успеало во кариерата.
Во моментов, покрај Роналдо, на четири светски првенства имаат дадено гол и Диего Армандо Марадона, Уве Зелер, Пеле, Роналдо (Бразил) и Мирослав Клозе.