Најдобриот стрелец во историјата на фудбалот, Португалецот Кристијано Роналдо, спомна дека е можно за година-две да се повлече од активното играње.
Сепак, тој јасно стави до знаење дека моментот за пензионирање уште не е дојден.
„Сакам само да се забавувам. Пензија… Ако треба, тоа ќе се случи за година или две… не знам. Наскоро ќе наполнам 40 години. Сакам да се забавувам. Се додека се чувствувам мотивиран, ќе продолжам. Оној ден кога повеќе нема да се чувствувам мотивиран, ќе се повлечам“, изјави суперѕвездата која има постигнато 910 голови во кариерата.