4.8 C
Skopje
петок, 14 ноември 2025

Кристијано Роналдо најверојатно ќе го пропушти и стартот на СП 2026

Португалската фудбалска суперѕвезда Кристијано Роналдо се соочува со сериозна опасност да ги пропушти првите два натпревари на својата репрезентација на Светското првенство во 2026 година, секако доколку Португалија се квалификува на СП, а речиси сигурно ќе успее.

Вчера, 40-годишниот Роналдо го доби својот прв црвен картон на 226 меча со репрезентацијата, на гостувањето кај Република Ирска.

Ударот со лакт поради кој беше исклучен, значи автоматска суспензија за Роналдо за квалификацискиот натпревар против Ерменија в недела, но според дисциплинските правила на ФИФА казната речиси сигурно ќе биде поголема од само еден меч.

Санкцијата може да оди и до три натпревари, што би значело дека Роналдо не би играл на првите два меча на СП, а во првата групна фаза се играат три кола, па во случај на такв казна, тој би можел да биде во составот дури на третиот меч.

Доколку Португалија не се квалификува директно на СП в недела, Роналдо ќе го пропушти баражот во март, па теоретски постои опасност тој и воопшто да не заигра на Мундијалот што би било катастрофа за него, за Португалија, па и за сите искрени љубители  за фудбалот.

 

- Оглас -

Најнови вести