23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Кристијано Роналдо не се повлекува од репрезентацијата, сака да игра и на ЕП 2024!

Кристијано Роналдо го одигра својот последен меч на Мундијалите, но не и последниот во дресот на репрезентацијата. Тој најавува дека сака да продолжи да игра за својата земја можеби и на следниот голем настан, Европското првенство во 2024 година во Германија, кое е за една и пол година од сега.

Пред Роналдо да заигра за Португалија, оваа земја имаше само три учества на светските првенства, а во 1966 беа трети. Немаа ни европска титула. Со Кристијано од 2004 наваму, Португалија нема пропуштено големо натпреварување. По еднаш беа европски шампиони и освојувачи на Лигата на нациите.

Легендата со речиси 200 настапи за Португалија не се откажува сега и ја подели јавноста во земјата, некои се за, други против тој да остане. По победата над Швајцарија во минутите без негово присуство, некои велеа дека Португалија е појака без Кристијано, но против Мароко се виде дека не е така.

- Оглас -

Најнови вести