Кристијано Роналдо е за уште еден гол поблиску до целта од 1.000 погодоци во кариерата. Португалецот го постигна првиот гол во победата од 3-1 на Ал-Наср над Ал-Колод на домашен терен.
За Кристијано Роналдо ова беше 928-ми гол во кариерата. Останатите два гола за Ал-Наср беа дело на Садио Мане и Џон Дуран. Екипата на Кристијано Роналдо е на четвртата позиција во првенството на Саудиска Арабија со заостанување од 10 бода позади лидерот, Ал-Итихад.