Португалскиот гигант Спортинг Лисабон денеска го прославува 119 години. Точно на 1 јули во далечната 1906 година е формиран клубот кој има славна историја. Од овој клуб потекнуваат голем број на светски ѕвезди, а секако најголема меѓу нив е Кристијано Роналдо.
Легендарниот Роналдо кариерата ја започна во Спортинг каде настапуваше од 1997 до 2003 година, кога направи трансфер во Манчестер јунајтед. Најпознатиот португалски фудбалер не заборави да го честита роденденот на клубот од каде потекнува.
„Цели 119 години гордост на Португалија. Честитки за мојот Спортинг“, напиша Роналдо на социјалните мрежи.
Спортинг имаше одлична последна сезона освојувајќи ја титулата во првенството, како и пехарот во Купот на Португалија.
Интересно е дека вчера Роналдо шокираше со една своја изјава во која порача дека тој „припаѓа на Саудиска Арабија“, земјата во која настапува во изминативе две и пол сезони.