2.8 C
Skopje
понеделник, 2 февруари 2026

Кристијано Роналдо одби да игра, ќе штрајкува!

Во саудискиот фудбал има драма. Најголемата ѕвезда во лигата, Кристијано Роналд, одбива да игра за својот Ал-Наср. Португалецот ќе го пропушти денешниот натпреварот против Ал-Ријад. Оваа одлука не е поради повреда, ниту поради суспензија, туку отворен бунт против Јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија (PIF), кој управува со клубот.

Португалецот, кој неодамна го постигна својот 961-ви гол во кариерата и го брка својот 1.000-ти, е исклучително незадоволен од најновите потези на Фондот. Според извори блиски до клубот, Роналдо е фрустриран од начинот на кој PIF управува со Ал-Наср, особено во споредба со третманот што го добиваат ривалите управувани од истиот фонд.

Капитенот на тимот се жали на недостатокот на инвестиции, а доказ за тоа е фактот дека единственото засилување во зимскиот преоден рок беше 21-годишниот играч од средниот ред Хајдир Абдулкарим од Ирак. Дополнителна тензија создава и одлуката за замрзнување на овластувањата на двајца португалски директори во клубот, Сима Кутињо и Жозе Семедо, донесена на почетокот на месецот.

Роналдо е особено вознемирен од фактот што вечниот ривал на Ал-Наср, тимот на Ал-Хилал, кој е актуелен лидер во првенството, има многу поголемо влијание и инвестира неспоредливо повеќе во засилувања. На пример: Ал-Хилал ѝ плати на Фиорентина два милиони евра за дефанзивецот Пабло Мари и ќе плати 30 милиони евра за младиот француски напаѓач Кадер Меите од Рен.

Тимот на италијанскиот тренер Симоне Инзаги го финализира и потпишувањето на Симон Буабре од Неом за дополнителни 30 милиони евра. Како шлаг на тортата доаѓа неизбежното доаѓање на Карим Бензема, кој ќе го напушти Ал-Итихад за да му се приклучи на лидерот во првенството.

Роналдо иако за неколку дена ќе наполи 41 година, нема физички проблеми и не е надвор од тактичките планови на тренерот Хесус. Неговото отсуство е лична одлука. Освен денешниот меч, Роналдо може да го пропушти и големото дерби против АлИтихад кое ќе се игра на 6 февруари, еден ден по неговиот роденден.

Со 17 постигнати голови, Кристијано Роналдо е втор стрелец во лигата, а неговиот Ал-Наср моментално е на третото место со 43 бода, исто како и второпласираниот Ал-Ахли. Водечкиот Ал-Хилал има три бода повеќе.

- Оглас -

Најнови вести