Агентот на Кристијано Роналдо, Жорже Мендеш, засилено бара нов клуб за својот клиент, кој сака да си оди од Манчестер јунајтед и да игра во тим кој се натпреварува во Лигата на шампионите.
Откако речиси сите учесници во ЛШ на кои Роналдо им беше понуден, одбија да го доведат во своите редови 37-годишниот Португалец, сега во игра влегува Наполи.
Суперѕвездата и претходно се поврзуваше со Наполи, но овојпат работата е посериозна, бидејќи се нуди трампа со која Виктор Осимен за 120 милиони евра би потпишал за Јунајтед, а Црвените ѓаволи да го позајмат на една сезона Роналдо во Неапол.
Самиот фудбалер дал зелено светло за оваа операција, па Наполи е на пол-позиција да го земе Роналдо.
Останува отворена опцијата Роналдо да се врати во матичниот Спортинг Лисабон, но само ако се исцрпат сите можности да заигра во посилна лига од португалската.